Илјадници авганистански бегалци се сместени во американски воени бази, кампови на Црвениот крст и други привремени засолништа низ Европа. Соединетите држави и нивните сојузници евакуираа од 14 август од Кабул повеќе од 123.000 странци и Авганистанци во опасност. Талибанците сега имаат целосна контрола врз меѓународниот аеродром во Кабул, откако последниот американски воен авион ја напушти пистата, означувајќи го крајот на 20-годишно присуство во Авганистан и најдолгата војна на Соединетите држави.
Авганистански бегалци добија привремено засолниште во Европа
17
Евакуирани Авганистанци во шатор по слетувањето во Тирана, Албанија, на 27 август. Албанија се очекува да засолни 4.000 авганистански државјани кои ја напуштиле својата земја по преземањето на Талибанците.