Илјадници авганистански бегалци се сместени во американски воени бази, кампови на Црвениот крст и други привремени засолништа низ Европа. Соединетите држави и нивните сојузници евакуираа од 14 август од Кабул повеќе од 123.000 странци и Авганистанци во опасност. Талибанците сега имаат целосна контрола врз меѓународниот аеродром во Кабул, откако последниот американски воен авион ја напушти пистата, означувајќи го крајот на 20-годишно присуство во Авганистан и најдолгата војна на Соединетите држави.
Авганистански бегалци добија привремено засолниште во Европа
9
10
11
12
Евакуирана Авганистанка во центарот за одржување што го води италијанскиот Црвен крст во Авезано, Италија, на 30 август. Евакуираните таму се во карантин за ковид-19.