Ситуацијата со пожарите сè уште е најкритична во малешевско-пијанечкиот регион. Таму се сконцентрирани и најголем дел од пожарникарите и сите хеликоптери, македонски и српски, како и противпожарниот авион кој пристигна од Романија.
Романски авион на помош за гаснење на пожарите

5
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и припадници на Армијата во Будинарци, Беровско, во чија близина има пожар

6
Полициски службеници помагаат во гаснење на пожарите

7
Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираат за гасење на пожари во атарот на селата Црник, Умлена и Чифлик во близина на Пехчево. Распоредени се екипи за контролирање на опожарените површини.

8
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на терен во Пехчевскиот регион се справуваат со пожарите