Десетици руски градови се опфатени со чад, додека пожарите беснеат во Сибир. Како причина за шумските пожари кои зафаќаат огромна површина се наведуваат ненормално високите температури и занемарувањето на правилата за заштита од пожари. Најтешко е погодена руската Република Саха на североисток од Сибир, позната и како Јакутија. Рускиот град Јакутск и уште 50 сибирски градови и населени места се покриени со густ чад од пламените.
Во Сибир беснеат големи шумски пожари

5
Волонтери се борат со пламенот во регионот Јакутија.

6
Чад од шумски пожари на 17 јули. Руската армија користи тешки транспортни авиони за гаснење на пожарите во Сибир. Руското Министерство за одбрана соопшти дека воените хеликоптери исто така фрлале вода за гаснење на пожарите и носеле пожарникари во областа за да се обидат да ги сопрат.

7
Амфибискиот авион „Бериев бе-200“ испратен од руското Министерство за вонредни состојби испушта вода за да го изгасне шумскиот пожар во Јакутија.

8
Тешка опрема се користи во обидите да се блокира ширењето на пламенот низ шумата.