Ограничувањата против ширењето на пандемијата го спречува исламското население во Барселона да го помине месецот на постот на Рамазан на вообичаен начин. Католичката црква им понуди нсвои простории каде што муслиманите можат заедно да јадат и да се молат.
„Сите сме исти“: Ифтар во црква во Барселона

9
„Секој ден има повеќе луѓе кои доаѓаат на вечера и сите се благодарни, затоа што ако немаме пари, можеме да дојдеме тука да јадеме без проблем, не гледам проблем во тоа да се биде муслиман или христијанин, воопшто“, вели Ламин Мане, волонтер од Сенегал.