Свеќи и светилки осветлуваа надгробни споменици на гробиштата низ Европа на 1 ноември кога христијаните го одбележаа Денот на сите светци. Традиционално, луѓето ги посетуваат гробовите на саканите членови на семејството оставајќи запалени свеќи, шарени ламби и цвеќиња.
Свеќи и гробови: Денот на сите светци низ Европа
Поглед кон тоа како христијаните во Европа го одбележаа Денот на сите светци на 1 ноември.
13
Свеќи и цвеќиња се поставени пред заклучената порта кон гробиштата во Поваски во Варшава. Полската влада ги затвори гробишта поради пандемијата КОВИД-19 два дена пред Денот на сите светци.
14
Калуѓерка се моли во базиликата Сакр-Кер во Париз.
15
Човек стои пред гробници украсени со цвеќиња во Памплона, северна Шпанија.