Со одлагање од две недели во некои земји почна новата училишна година.
Назад на училиште среде пандемијата на КОВИД-19
Училиштата повторно се отворија од март во Косово, Пакистан, Романија и други земји, а учениците и вработените преземаат мерки на претпазливост за да се спречи ширењето на коронавирусот.
9
Првиот училишен ден во Букурешт, Романија, на 14 септември.
10
Еден член на персоналот ја проверува телесната температура на студентите на влезот во Исламскиот академски колеџ за трговија за девојчиња на 15 септември, откако воспитно-образовните институции беа повторно отворени скоро шест месеци по почетокот на пандемијата на КОВИД-19.
11
Човек прска со дезинфекција во училница во приватно училиште во Карачи, Пакистан, на 14 септември по најавата на владата дека образовните институции ќе бидат повторно отворени скоро шест месеци по почетокот на пандемијата на КОВИД-19.
12
Наставник става знак во државно училиште во Карачи по најавата дека образовните институции повторно ќе се отворат, почнувајќи од 15 септември, по скоро шест месеци.