Десетици илјади луѓе ги наполнија улиците на белоруската престолнина, Минск, на 23 август на митинг против спорниот реизбор на претседателот Алиаксандр Лукашенка, во услови на големо воено присуство во градот и ново предупредување од армијата.
Река луѓе против Лукашенко во Минск

5
Утрото пред протестот на 23 август, неколку воени транспортери беа забележани како превезуваат воени лица во Минск

6
Министерството за одбрана истиот ден издаде изјава во која демонстрантите ги нарекува „фашисти“ и велејќи дека има распоредено сили за да ги заштити воените споменици. Министерството предупреди дека армијата ќе се „справи“ со она што го опиша како нарушување на мирот и редот на такви места.

7
Големото присуство на безбедносните сили не изгледаше дека ги одврати демонстрантите, иако повеќе од 7.000 се приведени и стотици претепани откако избувнаа протестите по изборите.

8