Слики од десетици средби што водечката опозициска фигура на Русија ги имала со полицијата, судовите и непознатите напаѓачи во текот на неговиот јавен активизам. Навални е затворен повеќе од 10 пати и помина стотици денови во притвор од 2011 година.
Блиски средби од „Навални“ тип

9
Навални во полициско комбе откако беше приведен од полицијата за време на масовниот митинг во Москва во март 2017 година. Тој беше казнет со парична казна од 350 долари за учество во, како што надлежните го нарекоа, нелегален протест.

10
Навални на пат кон болница откако беше испрскан со зелена боја од непознати напаѓачи во Москва во април 2017 година. Во нападот претрпе изгореници на окото.

11
Навални заминува во московскиот затвор во октомври 2018 година, откако отслужи 20 дена под обвинение за спроведување нелегални протести.

12
Полицијата го приведува Навални за време на митингот за поддршка на истражниот новинар Иван Голунов, кој беше приведен од полицијата и обвинет за поседување дрога на 12 јуни 2019 година.