Годинашната парада која традиционално се одржува на 9 мај беше одложена поради епидемијата на коронавирусот.
Од воената парада во Москва
Денеска во Москва се одржи воена парада, по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. Годинашната парада која традиционално се одржува на 9 мај беше одложена поради епидемијата на коронавирусот. На Црвениот плоштад, според руските власти, учествувале 14.000 лица и биле прикажани 200 воени возила и специјална опрема, како и 75 авиони.
1
Ветеран поздравува за време на Парадата на Црвениот плоштад во Москва, Русија на 24 јуни 2020 година
2
Тенкови Т-34 од советско време на Парадата за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва, Русија, 24 јуни 2020 година.
3
Новинари снимаат како руски воени хеликоптери летаат за време на Парадата на денот на победата во Москва, Русија на 24 јуни 2020 година.
4
Руски падобранци маршираат за време на воената парада, по повод 75-годишнината од поразот на нацистите, во Москва, Русија, на 24 јуни 2020 година.