Состојбата со коронавирусот во главниот град на Кина е „екстремно тешка“, предупредија градските власти, откако во Пекинг се пријавени нови инфекции, а новиот кластер предизвика огромна програма за следење и тестирање.
Пекинг со воени мерки во борба против ковид-19

13
Членови на медицински персонал во целосна заштитна опрема стојат надвор од спортскиот центар Гуакан за да им помагаат на луѓето кои живеат близу или кои го посетиле пазарот на големо со храна каде што се појави нов кластер на коронавирус

14
Жена со маска за лице, шета во запечатен станбен комплекс во близина на пазарот Јукандонг, во областа Хаидијан, Пекинг

15
Работници заминуваат од центар за тестирање поставен пред спортски објект во Пекинг

16
Доброволци во заштитни костуми дезинфицираат пазар во Пекинг, Кина