Состојбата со коронавирусот во главниот град на Кина е „екстремно тешка“, предупредија градските власти, откако во Пекинг се пријавени нови инфекции, а новиот кластер предизвика огромна програма за следење и тестирање.
Пекинг со воени мерки во борба против ковид-19

1
Персоналот на меѓународниот аеродром во Пекинг носи маски за лице. Пекинг откажа над 1.200 летови среде нови проблеми со коронавирусот.

2
Медицински работник во заштитен костум држи звучник додека луѓето се редат за тестирање по новите случаи на заболување од коронавирусна болест ковид-19 во Пекинг, Кина, 17 јуни 2020 година. Кина пријави уште неколку десетици коронавируси инфекции во вторникот, по што ги зголеми мерките во делови од главниот град.

3
Работник ја чисти стаклената врата на здравствениот центар за тестирање во Пекинг. Епидемијата во Кина беше доведена во голема мерка под контрола преку строги заклучувања што беа наметнати на почетокот од оваа година - но се појави нов кластер кој е поврзан со пазарот Ксинфади во јужен Пекинг

4
Луѓе чекаат ред за тестирање во Пекинг.