Настаните на денот низ фотографии - 12 јуни 2020 година.
Вонредни состојби и наградни игри

1
СЕВЕРНА КОРЕЈА / САД - Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Сон Гвон изјави дека американската политика кон Пјонгјанг докажува дека Вашингтон останува долгорочна закана за Северна Кореја и затоа неговата земја ќе развие посигурни воени сили за да се спротивстави на таа закана.

2
МАКЕДОНИЈА - Идејата на Али Ахмети за премиер Албанец е тешка манипулација и лидерот на ДУИ го прави тоа, бидејќи се наоѓа во позиција на мртов агол, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој повика ДУИ да не си игра со емоциите на Албанците во Северна Македонија.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 и двајца починати пациенти.

4
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на државата, Стево Пендаровски, нема да прогласи нова вонредна состојба. Тој на денешната прес конференција рече дека законски тој може да прогласи вонредна состојба и без барање од Владата, но овој пат нема да го направи тоа, бидејќи нема потреба од тоа, а во врска со здравствената состојба Владата ги има обезбедено сите неопходни мерки и подготовки.