Настаните на денот низ фотографии - 10 јуни 2020 година.
Шампиони, премиери и претседатели

1
МАКЕДОНИЈА - Двократниот европски ракометен и македонски шампион Вардар ќе биде сигурен учесник во Лигата на шампионите во наредната сезона, потврди ЕХФ. Со директното учество, Вардар ќе биде во друштво со ППД Загреб, Барселона, Кјелце, Кил, Веспрем, Порто, Алборг, Фленсбург и ПСЖ.

2
МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 и 7 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

3
МАКЕДОНИЈА - Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност. Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се. Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на почетокот од видеообраќањето за предлогот за прв премиер Албанец на Македонија.

4
УКРАИНА - Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека неговиот извршен одбор го одобри стенд-бај аранжманот од 18 месеци вреден 5 милијарди долари за Украина, чија цел е да и се помогне на земјата да се справи со пандемијата ковид-19. Одобрувањето значи дека Украина може да добие итно исплаќање на околу 2 милијарди долари, а преостанатата сума ќе биде исплатена во фази во текот на 18 месеци, се вели во соопштението на ММФ.