На фотографиите се прикажани сјајни ентериери и контроверзни мозаици во црквата што се гради за одбележување на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во Москва е при крај новата огромна воена црква
9
Главната купола во внатрешноста на катедралата со Исус како гледа на верниците. Многу детали во катедралата се однесуваат на војната во 1941-45 година со нацистичка Германија. Дијаметарот на главната купола е 19,45 метри, додека камбанаријата ќе биде 75 метри над земјата во чест на претстојната 75-годишнина.
10
Снимката од внатрешноста на црквата под главната купола покажува витраж во горниот десен дел на кој се наоѓа комунистичкиот амблем - чекан и срп.
11
На амблемот пишува „за лична храброст“.
12
Еден од бројните мозаици во катедралата го покажува Исус како го држи неговата мајка Марија. На 24 април, рускиот весник МБК објави фотографии од недовршени мозаици во катедралата на кои се прикажани советскиот лидер Јозеф Сталин, рускиот претседател Владимир Путин и сцени од руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.