Стотици украински пожарникари десетина дена се бореа против пожарите во близина на нуклеарната централа Чернобил. Пожарите започнаа на 3 април во западниот дел на зоната. Областа беше испразнета во април 1986 година по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.
Како украинските пожарникари се бореа со пожарот околу Чернобил

17
Оваа слика од 12 април го покажува шумскиот пожар во близина на Чернобил.

18
Изгорени дрвја од шумскиот пожар пред населбата Полиске на 12 април. Високиот функционер од службата за итни случаи Володимир Демчук оцени дека пожарот не претставувал закана за нуклеарната централа.