Настаните на денот низ фотографии - 14 април 2020 година.
Црква, чаршија, политика...

1
МАКЕДОНИЈА - Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони. Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат. Владата одлучи за Велигден да има целосна забрана за движење поради коронавирус пандемијата.

2
МАКЕДОНИЈА - Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Старата чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење, соопштија денеска од Владата, по реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите за градежните зафати што се одвиваат во Старата чаршија во Скопје.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово, а во болницата 8 Септември починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59). Новозаразени во последните 24 часа имало 54, а излекувани 42 пациенти.

4
МАКЕДОНИЈА - Синоќешниот настан во Ченто има политичка позадина и МВР е решено да постапува неселективно во однос на сите што поттикнуваат или не го почитуваат полицискиот час, изјави денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.