Во вториот круг од локалните избори за градоначалничката функција во 35 општини се натпреваруваат 70 кандидати. Гласањето се спроведува на 1.517 избирачки места, каде што право на глас имаат 833.710 граѓани.
Фотогалерија: Локални избори 2017 - Втор круг гласање

1
Гласањето во вториот круг од локалните избори во Македонија, според ДИК, почна навреме и без проблеми. Во овој втор круг, за градоначалничката функција во 35 општини се натпреваруваат 70 кандидати.

2
Вториот круг се спроведува на 1.517 избирачки места каде што право на глас имаат 833.710 граѓани, што претставува 46 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

3
Од вкупно 10 скопски општини, втор круг има во шест и тоа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај и Шуто Оризари. Во овие општини право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

4
Покрај во скопските општини, се гласа уште и во 29 општини во Македонија, каде според избирачкиот список можат да гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.