Папата Франческо беше устоличен во присуство на десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, како и повеќемина светски државници. Со тоа тој и формално стане лидер на околу милијарда и 200 милиони римокатолици во светот.
Меѓу државниците кои присуствуваа на настанот, беа и Кристина Кирхнер, претседателка на Аргентина, родната земја на папата, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот потпретседател Џо Бајден, како и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Устоличување на папата Франческо

1
Рибарскиот прстен ставен на раката на Папата

2
Папата го добива така-наречениот рибарски прстен.

3
Меѓу гостите и претседателот на Зимбабве, кој има забрана за патување во земјите на ЕУ, но тоа не важи за Ватикан.

4
Ватикан, 19.03.2013