Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржаа божикни литургии. Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски присуствуваа на централното одбележување во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија. Премиерот Никола Груевски, пак, присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје, а лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски во црквата „Свети Јован Крстител“ во Скопје.
Прослава на Божиќ во Скопје

10
Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје.

11
Архиепископот на МПЦ гг. Стефан на прославата на Бадник во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

12
Прослава за Бадник во црквата Св. Никола во Перт Австралија.