Евентуалното решение во спорот за името со Грција, треба да биде компромисно име за меѓународна употреба, кое не смее да се однесува на трети земји, информираат во МНР. Тоа значи дека 120 држави што ја признаваат Македонија под уставното име, нема да мораат да го користат евентуалното компромисно име во билатералната комуникација со земјава.
Тоа е една од почетните точки од кои трегнува преговарачот Зоран Јолевски во пресрет на денешната средба во Женева со посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Средбата во Женева е закажана за попладнево, а се уште е неизвесно дали по завршувањето на средбата преговарачите ќе соопштат за што разговарале и до каде стигнале со преговорите. Во МНР очекуваат денешната средба да ги придвижи преговорите во позитивна насока.
Пред неколку дена, по координативната средба на македонскиот државен врв, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски изјави дека Македонија е подготвена да вложи максимали напори за да се дојде до компромис, но, не едностран или диктат со кој едната страна би била победник, а другата поразена или понижена. За разумен компромис со кој нема да биде засегнат македонскиот идентитет, се заложи и претседателот Ѓорге Иванов, иако, вели тој, двојната формула останува официјален став. Премиерот Груевски, пак, инсистира крајниот збор за евентуалниот компромис да го кажат граѓаните на референдум.
Се чини дека единственото нешто за што, барем јавно, има консензус меѓу политичките партии е тоа дека компромисното име не смее да заадира во прашањето на идентитетот и дека поради компромисот нема да се менува уставот.
Опозицијата се жали дека власта воопшто не ја информира за ништо околу името и дека не ги знаат позициите од кои тргнуваме во Женева.
„Премиерот не наоѓа за сходно да ја извести јавноста за што ќе се дискутира, а камо ли опозицијата. Така што, ние во Македонија живееме во еден медиумски мрак на тема името, затоа што никој не знае што се зборува, а премиерот повикува на некое единство, коешто ние како опозииција, а верувам и јавноста не можеме да го разбереме, на што се темели тоа единство?“
вели потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.
Премиерот Никола Груевски, завчера, рече дека доколу оцени оти тоа е неопходно ќе иницира заеднички состанок на партиските лидери.
Посредникот на ОН Метју Нимиц, на 6 јули, доаѓа во Скопје, а два дена подоцна и во Атина.
Ова е прва средба на македонскиот и на грчкиот преговарач со посредникот Нимиц, по четиримесечниот застој во преговорите поради претседателските и локални избори во Македонија, а потоа и изборите за европратеници во Грција.
Премиерот не наоѓа за сходно да ја извести јавноста за што ќе се дискутира, а камо ли опозицијата. Така што, ние во Македонија живееме во еден медиумски мрак на тема името, затоа што никој не знае што се зборува, а премиерот повикува на некое единство, коешто ние како опозииција, а верувам и јавноста не можеме да го разбереме, на што се темели тоа единство?