Владата глуми дека преговара и дека сака да постигне компромис за името со Грција, продолжува со критиките опозицијата, во пресрет на средбата на посредникот на Обединетите Нации во спорот за името Метју Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач. Преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се среќаваат со Нимиц, в понеделни,к во Женева.
Поранешниот премиер и пратеник на СДСМ Владо Бучковски вели дека е јасно оти Македонија влегува во преговорите со понеповолна позиција и треба од тие преговори да го извлече максимумот.
„Специфичноста на спорот е во тоа што преговарами за разликите за нешето уставно име, а не за уставното име на Грција. Така што, од почетокот ние сме во понеповолна ситуација и треба да се трудиме да извлечеме максимум, а тоа е според мене да го зачуваме уставното име за внатрешна употреба, компромисот да биде за име за меѓународна употреба, недоведувајќи го под прашање нашиот национален идентитет и култура.“
Дел од аналитичарите, во изминатиов период, во јавноста, коментираат дека ако Македонија прифати компромисно име, меѓународниот притисок ќе се префрли кон Грција. Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП вели дека е голема штета што собранието не успеа да ја донесе државната стратегија за спорот за името за да се зајакне позицијата на земјава во преговорите. Да бев на местото на премиерот ќе се обидев вистински да изградам консензус, наместо да го користам ова прашање за зголемување на личната популарност, вели Жерновски.
„Кон нас се свртени погледите, мислам дека на крајот на краиштата се се сведува кон едно име и едно решение, Северна Македонија и мислам дека тоа треба да се дискутира отворено. Навистина не гледам причина да се тактизира, освен една, јас навистина не знам, зборувам како граѓанин на оваа држава и не знам со кој позиции настапуваме во овие преговори.“
Пратеникот Владо Бучковски се согласува дека, конечно, е дојдено времето сериозно да се влезе во преговори.
„Конечно да се даде мандат на преговарачот да влезе сериозно во преговори. Очигледно е дека во изминатите три години избегнувавме преговори, одејќи на варијантата дека тоа не е приоритет. Сега не гледам како би можело и преговарачот и Груевски да тактизираат, едноставно влегуваме во завршницата, а за жал, ние играме со црни фигури.“
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владата сака да ги реши сите отворени што стојат на патот на евроинтеграциите на Македонија.
„Очекуваме креирање на позитивни предуслови за преговори и очекуваме Република Грција да покаже реален и вистински интерес за надминување на спорот за којшто се разговара под патронат на Метју Нимиц. Ние имаме волја да ги решиме сите пречки кои стојат на патот за Македонија да стане полноправна членка на НАТО и да започне разговори за приклучување кон ЕУ.“
Во ДУИ велат дека нивниот став во врска со спорот за името е конструктивен. Според нив присуството на вицепремиерот Абдулаќим Адеми, на средбата на државниот врв, во пресрет на средбата со Нимиц е нов квалитет во начинот на однесување кон прашањето за името.
Максимумот во преговорите е да го зачуваме уставното име за внатрешна употреба, компромисот да биде за име за меѓународна употреба, недоведувајќи го под прашање нашиот национален идентитет и култура
Поранешниот премиер и пратеник на СДСМ Владо Бучковски вели дека е јасно оти Македонија влегува во преговорите со понеповолна позиција и треба од тие преговори да го извлече максимумот.
„Специфичноста на спорот е во тоа што преговарами за разликите за нешето уставно име, а не за уставното име на Грција. Така што, од почетокот ние сме во понеповолна ситуација и треба да се трудиме да извлечеме максимум, а тоа е според мене да го зачуваме уставното име за внатрешна употреба, компромисот да биде за име за меѓународна употреба, недоведувајќи го под прашање нашиот национален идентитет и култура.“
Дел од аналитичарите, во изминатиов период, во јавноста, коментираат дека ако Македонија прифати компромисно име, меѓународниот притисок ќе се префрли кон Грција. Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП вели дека е голема штета што собранието не успеа да ја донесе државната стратегија за спорот за името за да се зајакне позицијата на земјава во преговорите. Да бев на местото на премиерот ќе се обидев вистински да изградам консензус, наместо да го користам ова прашање за зголемување на личната популарност, вели Жерновски.
„Кон нас се свртени погледите, мислам дека на крајот на краиштата се се сведува кон едно име и едно решение, Северна Македонија и мислам дека тоа треба да се дискутира отворено. Навистина не гледам причина да се тактизира, освен една, јас навистина не знам, зборувам како граѓанин на оваа држава и не знам со кој позиции настапуваме во овие преговори.“
Пратеникот Владо Бучковски се согласува дека, конечно, е дојдено времето сериозно да се влезе во преговори.
Сега не гледам како би можело и преговарачот и Груевски да тактизираат, едноставно влегуваме во завршницата, а за жал, ние играме со црни фигури