Еден од најстарите објекти во Дебар, објектот на ДТВ ,,Партизан,, кој се наоѓа во центарот на градот од ден на ден е се поруиниран. Трансформацијата на Друштвата за телесно воспитување во Република Македонија создаде проблеми со одржувањето на овие објекти кои се изградени пред втората светска војна. 16 објекти на ДТВ ,,Партизан,, во Македонија во 2001 година со трансформацијата започнаа да се руинираат и состојбата на објектите е мошне влошена во однос со нивното одржување. Слична е состојбата и по 2006 година кога од централно ниво тие беа ставени на располагање на локалните самоуправи .
Преку регистрација на сопствени фирми активностите ги одржуваат самите вработените вели еден од вработените во ДТВ,,Партизан ,,во Дебар Атли Колеци:
,,Одржувањето е мошне тешко на објектот бидејќи станува збор за објект кој е изграден во 1930 година . Тој објект се распаѓа а ние вложуваме средства за да се одржи како таков“
истакнува Колеци.
Овие спортски објекти каде до пред неколку години се калеше гимнастиката и другите спортови, во состојба на самофинасирање е очигледно дека не можат да ја реализираат улогата што ја имаа порано.
„Недостатокот на средства ги намали спортските активности. Овде нема сега активности како што биле порано. Нема средства за да се организираат активности“
подвлекува Колеци.
Активностите во овој спортски објект се спроведуваат стихијно а вработениот вели дека оштетувањето на објектот како внатре така и надвор се видливи. Проблемиете со неплаќањето на кириите на одредени помошни простории на објектот ја влошуваат состојбата на објектот и покрај личните влошувања на состојбата на објектот.
„Никој неќе да плати кирија за дуќаните кои се при објектот а што се користат од страна на одредени фирми“
вели Колеци.
Дебарчани наголемо се загрижени за распаѓањето на овој стар објект и бараат интервенција на одредени институции и локалната самоуправа.