Откако РСЕ соопшти дека ќе продолжи со работа во Унгарија по 27 години, фотографот Амос Чапл направи низа фотографии кои ја доловуваат културата и историјата на земјата.
Унгарија од високо
17
Споменикот на Слободата во Будимпешта, првично беше изграден во знак на сеќавање на советските војници кои загинаа борејќи се во Будимпешта за време на опсадата на сојузниците во 1945 година. По револуцијата во Унгарија во 1989 година, со која беше соборена комунистичката власт многу споменици од времето на комунизмот беа отстранети, но на елегантниот споменик на Слободата, беше сменет само натписот за да се одбележат сите што ги жртвуваа своите животи за слободата на Унгарија.
18
Базиликата Свети Стефан во Будимпешта, именувана по првиот крал на Унгарија. Мумифицираната, скоро 1.000 години стара „нераспадлива“ десна рака на Свети Стефан сè уште може да се види изложена во внатрешноста на црквата.
19
Архангел Гаврил во Будимпешта, насликан како држи крст и света круна на Свети Стефан, првиот крал на Унгарија. Малиот крст на врвот на круната е свиткан како имитација на вистинската круна, која во моментов се чува во зградата на парламентот.