Откако РСЕ соопшти дека ќе продолжи со работа во Унгарија по 27 години, фотографот Амос Чапл направи низа фотографии кои ја доловуваат културата и историјата на земјата.
Унгарија од високо
5
Замокот Фузер, близу границата со Словачка, датира од 1200-тите, но во голема мера бил уништен во 1600-тите, за да се спречат бунтовниците да го користат како база. Во моментов е во фаза на реставрација.
6
Женски фигури се држат за раце во зграда во Сегед. Јужниот град е познат по својата архитектура.
7
Базилика Естергом, на бреговите на реката Дунав. Завршена во 1869 година, таа е најголемата црква во Унгарија. Словачка е од левата страна на реката.
8
Замокот Буда (лево) блеска над Дунав при самракот.