Историјата бележи уривања на статуи и споменици како што се и овие најновите во САД и Британија по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во полициски притвор.
Соборени статуи и споменици во историјата
Бидејќи јавната расправа бесне околу отстранувањето или вандализамот врз споменици и статуи во Соединетите држави и Британија, се осврнуваме врз некои споменици, урнати во поновата историја.

1
Глава од споменикот на рускиот цар Александар Трети за време на демонтажата во центарот на Москва. Гигантската статуа беше срушена веднаш по револуцијата во 1917 година, што доведе до комунистичка власт во Русија.

2
Царски двоглав орел е отстранет од Кремљ по болшевичката револуција. Орлите беа заменети со комунистичките црвени везди кои денес го красат Кремљ.

3
Фрагменти од статуа на полскиот крал Владислав Втори лежат на земја, откако беше уништена од нацистичките трупи по инвазијата во Полска во 1939 година

4
Нацистички трупи ја чекаат наредбата да ја срушат бистата на австрискиот канцелар Енгелберт Долфус по анексијата на Австрија од страна на нацистичка Германија во 1938 година.