Уништени оклопни возила од боиштата на Украина се изложени во главниот град на Чешка, откако слична изложба во Варшава беше организирана од Министерството за одбрана на Украина.
Руски тенкови во Прага - тага и љубопитност

1
Луѓе гледаат оштетен руски тенк Т-90А изложен во паркот Летна во Прага на 11 јули.
Изложба на шест руски воени возила оштетени за време на инвазијата врз Украина беше отворена од Зденек Хриб, градоначалник на Прага.
Изложба на шест руски воени возила оштетени за време на инвазијата врз Украина беше отворена од Зденек Хриб, градоначалник на Прага.

2
Внатрешноста на ракетниот фрлач Бук изложена во паркот Летна во Прага.
Изложбата, насловена Украина -- Штитот на Европа, беше организирана од Министерството за одбрана на Украина и други владини ограноци,
Изложбата, насловена Украина -- Штитот на Европа, беше организирана од Министерството за одбрана на Украина и други владини ограноци,

3
Украинец кој носи нараквица во боите на знамето на неговата земја плаче на самоодниот минофрлач Хоста. Тој одби да зборува за медиумите.
![Антивоена парола виси од станбен блок со поглед на руските возила во Прага. Илја Кучински, украински доброволец и член на територијалните одбранбени сили на земјата, кој ја подготвуваше изложбата за нејзиното отворање на 11 јули, за РСЕ изјави дека изложбата била наменета „да ги потсети луѓето дека војната не е толку далеку како што мислат. Чешка е една од следните. И бидете сигурни дека [Русија] нема да запре“.](https://d35vdy8zizt7s1.cloudfront.net/10040000-0aff-0242-2707-08da632b05e4_w1024_q10_s.jpg)
4
Антивоена парола виси од станбен блок со поглед на руските возила во Прага.
Илја Кучински, украински доброволец и член на територијалните одбранбени сили на земјата, кој ја подготвуваше изложбата за нејзиното отворање на 11 јули, за РСЕ изјави дека изложбата била наменета „да ги потсети луѓето дека војната не е толку далеку како што мислат. Чешка е една од следните. И бидете сигурни дека [Русија] нема да запре“.