Десетици илјади луѓе веќе неколку денови излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес. Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.
Протести по убиството на Џорџ Флојд низ светот
Протестите низ САД и други земји ширум светот продолжуваат по смртта на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година.

9
Демонстрант држи крст со името Џорџ Флојд за време на демонстрациите против расизмот во која демонстрантите исто така извикувале пароли против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во Рио де Жанеиро, Бразил.

10
Демонстранти креваат раце додека се соочуваат со полицијата за време на протестен митинг на „Black Lives Matter“ во Лондон, недела, 7 јуни 2020 година.

11
Демонстрантите шетаат на авенијата Пенсилванија додека протестираатво Вашингтон, за смртта на Џорџ Флојд кој беше во полициска притвор во Минеаполис.

12
Германските полицајци приведоа маж следејќи го бдеењето на „Black Lives Matter“ на плоштадот „Александарплац“ во Берлин, Германија. Некои судири меѓу полицијата и протестантите се случија откако заврши главната демонстрација.