Во Казахстан е прогласена вонредна состојба поради насилните демонстрации. Протестите во Казахстан кои првпат избувнаа на 2 јануари по наглото зголемување на цените на течниот гас се интензивираат. На 5 јануари, една владина зграда беше запалена, а воени возила се префрлија во центарот на Алмати.
Продолжуваат жестоките протести низ Казахстан

1
Зградата во која се наоѓа канцеларијата на Нур Отан, владејачката политичка партија во Казахстан, во Алмати, изгоре на 5 јануари. Не се знае кој го предизвикал пожарот. Казахстанскиот сервис на РСЕ јавува дека зградата била оставена да тлее, а во близина немало полицајци или противпожарни возила кога е направена оваа фотографија.

2
Демонстранти се возат во камион во Алмати на 5 јануари.

3
Казахстанските безбедносни сили пред зградата на владата во Алмати на 5 јануари.

4
Полициско возило со скршен прозорец во Алмати на 5 јануари.