Русија продолжува со воениот напад во источна Украина, додека контраофанзивата во регионот Харков резултираше со ослободување на неколку градови. Во руски воздушен напад врз училиште во источниот регион Луганск веројатно загинале 60 луѓе. Првата дама на САД Џил Бајден се сретна со нејзината украинска колешка Олена Зеленска за време на ненадејната посета на Денот на мајката во Ужхород. Ирската рок ѕвезда Боно одржа концерт во метрото во Киев пред мала толпа присутни. Десетици цивили беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал додека последните украински бранители во Мариупол ветија дека ќе се борат до крај. Еве некои фотографии од изминативе неколку дена.
Од рок ѕвезди до првата дама на САД во посета на Украина

9
Пејачот на U2 Боно (лево) и гитаристот The Edge (десно) настапуваат во станицата на метрото во Киев со украинскиот пејач Тарас Тополија (во средината), кој сега служи во украинската војска. Боно се осврна врз хит песната на бендот Pride (In The Name of Love) кога рече: „Оваа вечер, на 8 мај, ќе одекнат истрели на небото на Украина, но конечно ќе бидете слободни. Тие можат да ви ги одземат животите. но никогаш не можат да ја земат вашата гордост“.

10
Канадскиот премиер Џастин Трудо (десно) и Володимир Зеленски се среќаваат со военото куче Патрон и неговиот чувар на 8 мај во Киев. Териерот, чие име на украински значи куршум, е награден со државна почест за неговата услуга во пронаоѓањето нагазни мини. Патрон стана симбол на отпорот на Украина, кој се прикажува во видеа, социјални медиуми и сувенири.

11
Боите на украинското знаме се проектирани на споменикот на татковината во Киев на 8 мај по повод Денот на сеќавањето и помирувањето. Празникот, кој започна во 2015 година во чест на оние кои ги загубија животите во конфликти, доби особено потресно значење оваа година бидејќи Украина се спротивставува на руската инвазија.