Сателитските фотографии од 1 февруари и порано покажуваат огромно руско натрупување на воена опрема, вклучувајќи наводно и балистички ракетни системи.
Нови фотографии за руското воено разместување во близина на Украина

1
Група возила на, наводно, ракетните системи „Искандер“ кои се лансираат од камиони во воената област Осиповичи, јужно од Минск, Белорусија. Сликата е направена на 1 февруари.

2
Поширок поглед на воениот објект Осиповичи на 1 февруари. Ракетите Искандер од руско производство се способни за прецизни удари на цели оддалечени до 500 километри.

3
Преглед на возила и сместување за војниците во близина на Барановичи, Белорусија, на 29 јануари. Русија размести војници и опрема во Белорусија во последните денови додека двете земји се подготвуваат да одржат заеднички воени вежби.

4
Преполна воена база во Бахчисарај на полуостровот Крим, окупиран од Русија