Во услови кога ниските температури ја стврднуваат земјата средината на зимата се смета за оптимално време за воена акција - страв што го споделуваат украинските војници и цивилите во близина на првите линии на фронтот на исток, додека Русија собра повеќе од 100.000 војници околу нејзините граници. Украинските војници во рововите во регионите Луганск и Доњецк, заедно со жителите во околните области, трпат студени зимски услови, несигурни што ќе следува во деновите и неделите што доаѓаат.
На првите линии: украински војници и цивили чекаат можна војна со Русија

9

10
Жена поминува покрај зграда уништена за време на борбите меѓу украинската војска и сепаратистите во 2014 година. Фотографијата е направена на периферијата на Славјанск во областа Доњецк на 30 јануари.

11
Лилија (лево) и Тетјана, жителки на едно село на периферијата на Доњецк, разговараат со новинар во подрум што се користи како засолниште за бомби на 30 јануари. Тие живеат во област контролирана од сепаратистите, недалеку од линијата на фронтот со владините сили. Лилија и уште пет лица живеат во петкатница без топлинска енергија и вода. Многу куќи во регионот беа напуштени поради големите штети направени за време на воениот конфликт во 2014-2015 година.

12
Украински војник бдее во ровот на 29 јануари на линијата на фронтот со сепаратистите во селото Верхноторецке, во регионот Доњецк.