Нови фотографии покажуваат борби и уништување на цивилни области во и околу регионот на Донбас додека се наѕира очекуваната голема руска офанзива на истокот на Украина.
На источниот фронт на Украина

1
Кукла облечена како руски војник виси пред селото Барвинкове на 12 април. На таблата е испишана непристојна навреда.

2
Оклопно возило на руските сили се движи по опустошена улица во Мариупол на 12 април. Во позадина се издигнуваат масивните челичарници Азовстал од времето на Советскиот Сојуз.

3
Вработени во итната помош отстрануваат тело на една жена по артилерискиот напад кој оштети станбен блок во Харков на 13 април.

4
Сепаратистички борци поддржани од Москва истрелуваат ракети „Град“ врз украинските сили во регионот на Доњецк на 11 април.