Млади пионери повторно на Црвениот плоштад во Москва
На 22-ри мај, на Црвениот плоштад во Москва се одржа церемонија на млади пионери, манифестација карактеристична за времето на комунизмот и Советскиот Сојуз. Критичарите на Кремљ сметаат дека станува збор за нова индоктринација на децата и младите во Русија.

1
Руски деца маршираа на Црвениот плоштад во Москва. Околу 5000 ученици, станаа пионери, традиција од времето на Советскиот Сојуз и комунизмот.

2
Церемонија на пионери од 1977 во Уљановск. Членовите на пионерските здруженија се обрзуваа да го градат комунизмот, да работат за татковината и да бидат нејзини бранители.

3
Лидерот на Комунистичката партија Генади Зјуганов им става црвени марами на пионерите во Москва. 22.05.2022

4
Девојчиња танцуваат на церемонијата на Црвениот плоштад во Москва, на која се одбележуваше и 100 годишнината од основањето на организацијата Млади пионери.