Забраната за летање, наредена од руската влада, во текот на пандемијата КОВИД-19, стапи во сила на 27 март, оставајќи заробени стотици странски работници. Единствен исклучок се чартер-летовите за враќање на руските граѓани од странство.
Коронавирус - Заробени на аеродроми во Русија
Со откажани летови и затворени граници во Русија, многу работници мигранти од Централна Азија се најдоа заробени и не може да се вратат во матичните земји. Стотици се заробени на аеродромските терминали низ цела Русија.

5
Киргистански работник мигрант го проверува телефонот на аеродромот Толмачево во Новосибирск. Ова е една од неколкуте фотографии направени на аеродромот од Окен Шерикбаев, киргистански државјанин, кој чека да се врати дома.

6
Работници од Киргистан носат маски за лице на 30 март додека чекаат да дознаат како можат да го напуштат Меѓународниот аеродром Толмачево во Новосибирск. Се чини дека тие не практикуваат физичко растојание за да спречат ширење на коронавирусот.

7
Заробените киргистански работници делат леб на Меѓународниот аеродром Толмачево во Новосибирск, откако пристигнаа кутии со храна.

8
Таџикистански граѓани не можат да одлетаат дома од московскиот аеродром „Домодедово“. По 10 дена чекање во терминалот, тие беа изнесени и оставени на улица од страна на руските безбедносни сили на 31 март.