Глобалното ширење на коронавирусот ги инспирираше уметниците на графити од целиот свет.
Коронавирусот низ графити во светот

1
Во март 2020 година, уличниот уметник Побел создаде ѕидна слика наречена „љубовници“ во Брај, Норвешка. На неа е прикажана млада двојка со маски како се бакнуваат. „Се надевам дека љубовниците можат да дадат позитивен придонес и да шират малку радост кај луѓето“, напиша тој на Инстаграм.

2
Италијанец со маска за лице шета со намирници покрај мурал во Милано на кој е прикажана човек со гас маска.

3
Графит во близина на Колосеумот во центарот на Рим од италијанскиот уличен уметник ТВ Бој прикажува сцена од познатиот филм „Празник во Рим“. Маски за лице носат актерите Грегори Пек и Одри Хепберн која носи и порака на која пишува „Чист воздух сега“.

4
Туристка во Барселона, Шпанија, позира покрај графити на кои се гледа како Мона Лиза носи маска.