Стотици украински пожарникари десетина дена се бореа против пожарите во близина на нуклеарната централа Чернобил. Пожарите започнаа на 3 април во западниот дел на зоната. Областа беше испразнета во април 1986 година по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.
Како украинските пожарникари се бореа со пожарот околу Чернобил

9
Чад од големиот пожар

10
Поглед од покривот на нуклеарната централа во Чернобил на 10 април. Гринпис Русија соопшти дека пожарот е на само еден километар од фабриката.

11
Сателитска слика на НАСА ја покажува областа на пожарот во близина на Чернобил. Саркофагот на централата во Чернобил е сребрениот правоаголен предмет од лево на картата. Црвените и портокаловите места ја означуваат локацијата на пожарите на 13 април.

12
Гајгеров бројач кој покажува зголемување на нивото на зрачење кај селото Володимиривка во близина на Чернобил на 5 април.