Додека украинските сили се борат за контрола на клучниот источен град Северодонецк, руските артилериски бомбардирања продолжија во регионот. Украинските власти објавија дека најмалку едно лице е убиено во Дружкивка. Жителите на градот, западно од Сјевјеродонецк, пријавија дека се разбудиле од звукот на проектили и кршење стакло на 5 јуни.
„Како во хорор филм“: Дружкивка страда под руско артилериско бомбардирање

1
Постара жена седи пред куќи кои се уништени од ракетен напад во Дружкивка. Градот се наоѓа на 32 километри јужно од Славјанск, каде руските сили ја продолжуваат офанзивата за заземање на регионот Донбас.

2
Човек во голем кратер предизвикан од руски ракетен напад во Дружкивка.

3
На Елена Холовко, која беше повредена во ракетен напад кој ѝ го оштети домот, ѝ помага соседка.

4
Жител на Дружкивка седи на софа во куќа оштетена од ракетен напад.