Наследството на Михаил Горбачов, човекот кој го надгледуваше распадот на Советскиот Сојуз, останува тема на поделби во Русија.
Животот на Михаил Горбачов низ фотографии

5
Со сопругата Раиса и британската премиерка Маргарет Тачер во 1984 година. Раиса почина од леукемија во 1999 година.

6
Неговата прва средба со американскиот претседател Роналд Реган, во Женева во ноември 1985 година. Горбачов беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија во март 1985 година.

7
Со кубанскиот претседател Фидел Кастро во Кремљ во март 1986 година. Истата година Горбачов ја започна својата иницијатива за перестројка (реструктуирање), за која се надеваше дека ќе ги поттикне „иницијативните и креативните напори“ и ќе помогне да стартува стагнантната советска економија.

8
Реган и Горбачов го потпишаа Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) во Белата куќа во декември 1987 година. Во 1988 година, пристигнаа дополнителни реформи со политиката на гласност (отвореност) на Горбачов, која овозможи поголема слобода на изразување за советските граѓани.