Фотографиите пренесуваат мал дел од тоа како се живеело во социјалистичка Југославија од нејзиното основање пред 75 години на 29 ноември 1945 година, до нејзиниот катастрофален колапс во 90-тите години на минатиот век.
75-годишнина: Животот во социјалистичка Југославија
Историски фотографии ја прикажуваат приказната за социјалистичка Југославија.

21
Српскиот комунистички лидер Слободан Милошевиќ им се обраќа на работниците во белградскиот парламент во 1988 година.
Во 1987 година, со загревање на етничките тензии во услови на економски превирања, Милошевиќ отворено застана на страната на националистичките Срби во Косово, жалејќи се на прогонство од страна на мнозинството етнички Албанци. Многумина сметаа дека одлуката на Милошевиќ да донесе историски етнички барања во југословенската политика е кршење на табуто. Косово беше опасно чувствителен регион делумно поради неговата историја на меѓуетнички судири. Тоа беше почеток на крајот за Југославија.

22
Хрватскиот град Дубровник гори по бомбардирањето на војската на Југославија во 1991 година.
Од 1991 до 2001 година, поранешна Југославија беше зафатена со низа меѓуетнички војни и востанија кои завршија со смрт на околу 130.000 луѓе и формирање на неколку независни држави наследнички на Југославија.