Фотографиите пренесуваат мал дел од тоа како се живеело во социјалистичка Југославија од нејзиното основање пред 75 години на 29 ноември 1945 година, до нејзиниот катастрофален колапс во 90-тите години на минатиот век.
75-годишнина: Животот во социјалистичка Југославија
Историски фотографии ја прикажуваат приказната за социјалистичка Југославија.

1
Илјадници луѓе се собраа да ја прослават победата над нацистичката Германија во Загреб, Југославија, во 1945 година. На 29 ноември истата година беше сменет југословенскиот крал Петар Втори, а комунистичката влада го објави создавањето на Сојузна народна Република Југославија.

2
Италијанец на територијата предадена на Југославија во 1947 година. Со Договорот за мир со Италија неколку острови и региони и беа предадени на Југославија по поразот на силите на Оската во Втората светска војна.

3
Новиот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито, на своето биро во 1947 година. Тој првично го следеше политичкото водство на Јозеф Сталин од СССР, но двајцата комунисти наскоро станаа остри непријатели. Откако Сталин испрати атентатори во Југославија, Тито во писмо напиша: „Престанете да испраќате луѓе да ме убијат. Веќе заробивме петмина од нив, еден со бомба и друг со пушка.… Ако не престанете да испраќате убијци, јас ќе испратам еден во Москва и нема да морам да испраќам втор“.

4
Белградски пазар во 1950 година, кога тензиите со Советскиот сојуз доведоа до трговска блокада, недостиг на храна и страв од воена инвазија. Тито во тоа време вршеше безмилосни репресии врз оние што се сметаа дека имале симпатии спрема Советскиот сојуз. Стотици беа убиени во политичката акција, а илјадници други беа испратени во логори за принудна работа.