Десетици руски градови се опфатени со чад, додека пожарите беснеат во Сибир. Како причина за шумските пожари кои зафаќаат огромна површина се наведуваат ненормално високите температури и занемарувањето на правилата за заштита од пожари. Најтешко е погодена руската Република Саха на североисток од Сибир, позната и како Јакутија. Рускиот град Јакутск и уште 50 сибирски градови и населени места се покриени со густ чад од пламените.
Во Сибир беснеат големи шумски пожари

9

10
Чадот го покрива патот додека гори шумски пожар во близина на селото Магарас.

11
Чадот од шумските пожари го обвива Јакутск, главниот град на руската Република Саха, позната и како Јакутија, на 19 јули.

12
Шумските пожари горат со недели. Сателитска слика прикажува големи облаци чад кои го обвиткуваат регионот Јакутија на 5 јули. Според Министерството за вонредни состојби на Русија, во моментов горат повеќе од 187 пожари, а нивната област неодамна се зголеми за повеќе од 100.000 хектари.