Во понеделникот многу народ се врати на улиците на најголемиот град во Мјанмар, решени да продолжат со протестите против заземањето на власта од страна на армијата.
Во Мјанмар продолжуваат протестите и покрај убивањето демонстранти
Неколку лица беа убиени, а многумина повредени на 28 февруари, додека безбедносните сили ја интензивираа употребата на сила за сузбивање на демонстрациите против пучот по повеќенеделните немири од воениот удар на 1 февруари.
1
Во понеделникот продолжија протестите на улиците на најголемиот град во Мјанмар
2
Полицијата приведува човек во Таунги, град во државата Шан, на 28 февруари 2021 година, додека безбедносните сили продолжуваат да ги спречуваат демонстрациите против воениот удар.
3
Полицаец испука гумен куршум кон демонстрантите за време на протестот против воениот удар во Јангон, Мјанмар, 28 февруари 2021 година.
4
Демонстранти стојат зад бариерата со контејнери за отпад, додека се соочуваат со полицијата за време на протестот против воениот удар, во Јангон, Мјанмар, 28 февруари 2021 година.