Раскошните суперјахти во сопственост на руските олигарси пловат во немирни правни води додека властите ширум светот наметнуваат меѓународни санкции за да ги притиснат блиските соработници на претседателот Владимир Путин. Досега се запленети голем број бродови, чија вкупна вредност се проценува на најмалку 1,6 милијарди долари. Еве поглед на неколку заплените јахти и сопствениците зад нив, како и некои кои се во видното поле на властите, вклучително и оној кој е поврзан со самиот Путин.
Во лов по суперјахти на богатите и моќни Руси

9
Норд беше купен за 500 милиони долари во 2021 година и се вели дека е во сопственост на Алексеј Мордашов. Норд не е запленет. Наводно, тој ги напуштил Сејшелите на 12 март и се смета дека се упатил кон Далечниот Исток на Русија.

10
40-метарската Лена е запленета од италијанските власти, а наводно е во сопственост на рускиот милијардер Генадиј Тимченко, близок соработник на Путин. Италијанската влада ја процени нејзината вредност на 55 милиони долари.
Со проценето богатство вредно 12,9 милијарди долари, Тимченко е основач на сега санкционираната групација Волга, инвестициска фирма со интереси во енергијата, транспортот и градежништвото.
Со проценето богатство вредно 12,9 милијарди долари, Тимченко е основач на сега санкционираната групација Волга, инвестициска фирма со интереси во енергијата, транспортот и градежништвото.

11
Противниците на Кремљ тврдат дека 140-метарската Шехерезада, вредна околу 700 милиони долари, тајно му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин. Инспекторите кои работат за затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, велат дека идентификувале повеќе членови на екипажот како офицери во руската Федерална служба за заштита (ФСО), која е одговорна за безбедноста на Путин. Тие членови на екипажот беа нагло сменети по обелоденувањето на таа информација. Британскиот капетан на бродот негираше дека му припаѓа на Путин, но италијанските власти го истражуваат тоа, бидејќи Шехерезадата е закотвена во нивните води.