Со над 20.000 нови случаи на ковид-19 и најмалку 400 смртни случаи на ден, Иран се соочува со она што изгледа како најлош бран на пандемијата досега. Откако минатата година се соочија со критики за минимизирање на вирусот, иранските власти воведоа делумни блокирања и други мерки за да се обидат да го забават ширењето на коронавирусот.
Во иранска болница која се бори со Kовид-19
9
Иранската кампања за вакцинирање започна во почетокот на февруари, но е слаба, со само 824.000 дадени дози до 27 април.
10
Букет рози и балон во форма на срце на креветот на човек кој починал од ковид-19.
11
Болничар го преместува телото на пациент кој починал од ковид-19 во мртовечницата на болницата Шохадеје Тајриш.
12
Вработените во гробиштата користат блокови од пепел за да градат нови гробници на гробиштата Бехест-е-Захра на периферијата на иранската престолнина.