Со над 20.000 нови случаи на ковид-19 и најмалку 400 смртни случаи на ден, Иран се соочува со она што изгледа како најлош бран на пандемијата досега. Откако минатата година се соочија со критики за минимизирање на вирусот, иранските власти воведоа делумни блокирања и други мерки за да се обидат да го забават ширењето на коронавирусот.
Во иранска болница која се бори со Kовид-19

1
Медицинска сестра се грижи за пациент во болницата Шохадеј Тајриш во главниот град Техеран.

2
Болничари ги преместуваат телата на двајца пациенти кои починале од ковид-19.

3
Некои ирански официјални лица признаа дека вистинскиот број на заразени е веројатно поголем од официјалните бројки.

4
Заменик-министерот за здравство Ирај Харирчи предупреди дека стапката на смртност најверојатно ќе се зголеми во наредните две недели.