Луѓето кои излегоа на улиците во Белорусија и на други места низ светот за да протестираат против изборите нашироко оценети како лажирани, не само што го користат својот глас за да го искажат својот гнев кон владата. Тие исто така го користат својот дух за да создадат остри критички, понекогаш и забавни пораки.
Битка со мудрости: Демонстрантите стануваат креативни во Белорусија
![Демонстрант со транспарент на кој пишува: „ ЦИК [Централна изборна комисија], поправете ги грешките“. Официјално Лукашенко добил 80 проценти од гласовите.](https://d15t475e36mjva.cloudfront.net/c0009def-df4b-4a80-ac38-550dd97955eb_w1024_q10_s.jpg)
5
Демонстрант со транспарент на кој пишува: „ ЦИК [Централна изборна комисија], поправете ги грешките“. Официјално Лукашенко добил 80 проценти од гласовите.

6
Протест на жените во Минск на 12 август. Во знакот се вели: „Со сила нема да биеш сакан“.

7
Жена присуствува на протест во Минск на 13 август со тетоважа на ногата на која пишува: „Цветовите се подобри од куршуми“.

8
Жени присуствуваат на митингот во Москва на 15 август за да покажат солидарност со белоруските демонстранти. Транспарентот од лево гласи: „Дојде време за љубов“. На оној од десно пишува: „Жените се за мир и љубов. Да живее Белорусија“.
Фејсбук форум