Србија на 1 ноември ја одбележува годишнина од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица. Настанот, што ја потресе јавноста, предизвика најголеми антивладини протести во последните децении.