Граѓани на Цетиње и Подгорица палат свеќи одавајќи почит на жртвите во Цетиње на 1 јануари кога беа убиени 12 лица, од кои две деца. Ранети се четири лица. Извршителот на убиствата се самоуби и почина на пат за болница.
Во Црна Гора живеат голем број руски државјани. Според статистичките податоци, тие поседуваат околу 19 000 недвижности ширум земјата. Црногорските власти минатата година ги измамиле европските функционери дека ги замрзнале имотите на 34 руски државјани кои се на списокот на санкции на Европската Унија.
Црна Гора 11 години преговара за влез во Европската унија. Но „лидерот“ во регионот во евроинтеграциите, веќе шест години не затвори ниту едно од преговарачките поглавја. Црна Гора ги отвори сите 33 поглавја и привремено затвори три.
Црна Гора повторно се свртува кон кинеска компанија за изградба на нов пат, иако пред девет години контроверзниот автопат, финансиран и изграден од Кина, ја втурна оваа балканска држава длабоко во долгови.
Москва и Белград ќе продолжат со обидите да влијаат на ситуацијата во Црна Гора во следниот изборен циклус, според Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс и Ивана Страднер, научен соработник во Фондацијата за одбрана на демократиите во Вашингтон.