Руските доброволни единици усогласени со Украина го извршија најголемиот напад на руска територија од почетокот на инвазијата на Москва во февруари минатата година.
Брзиот напредок во вештачката интелигенција во последниве месеци поттикна повици за поголем надзор на голем број апликации. Лидерите на Г7 за првпат на Самитот во Јапонија разговараа за регулација и стандарди за вештачката интелегенција.
Русија тврди дека победила во Бахмут, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека борбите за разурнатиот град во источна Украина продолжуваат. Зеленски се сретна со американскиот претседател Бајден во Јапонија каде што се одржа Самитот на Г7.
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ го започна петгодишниот мандат. Се закола дека ќе биде вистински претседател на сите граѓани. На инаугурацијата присустуваати досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот дипломат Габриел Ескобар.
Експропријацијата на земјиштето што Владата на Косово ја започна на северот на Косово, за дел од жителите е „узурпација или одземање на личен имот“. Од Владата на Косово пак велат целта на експропријацијата е „реализација на инфраструктурни проекти од јавно значење“
Русија извршила „исклучително жестока“ серија напади со беспилотни летала во текот на ноќта врз Киев, кои во голема мера биле одбиени од украинската противвоздушна одбрана, соопштија украинските власти рано на 16-ти мај.
На претседателските избори во Турција води досегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган, но на 28 мај ќе има втор круг. По гласањето е забележан пад на турската лира. Шефовите на ЕУ им честитаа на турските гласачи за големата излезност. Од Москва порака дека ќе ја почитуваат волјата на турскиот народ.
Ниту Ердоган, ниту Киличдароглу не го поминаа прагот од 50 отсто потребен за да се избегне вториот круг, кој најверојатно ќе се одржи на 28 мај, на избори кои се сметаат за клучни за Ердоган
Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс
Украинскиот претседател во Берлин дојде на клучни разговори, само еден ден откако Германија ја најави најголемата помош за Украина до сега
Украинските власти велат дека напредуваат во Бахмут, а руските негираат и покрај тоа што шефот на Вагнер, кој е поврзан со Кремљ, тврдеше дека контраофанзивата на Киев е во тек. Зеленски, пак, вели дека за тоа им треба уште малку време и опрема.
Руската платеничка група Вагнер, киднапирала казахстански студент во Русија и го пратила да војува во Украина, обвинува семејството на студентот. Не е првпат Вагнер да е обвинет дека испраќа луѓе во борба без нивна согласност.
Свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија. Пред 100-тина светски лидери, надбискупот од Кентербери, ја постави 360-годишната круна на Свети Едвард на главата на Чарлс во Вестминстерската опатија.
Директорот на српската клиничка болница соопшти дека дел од ранетите се опоравуваат, но едно девојче е се уште во критична состојба. За последниот напад во Младеновац, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е терористички чин.
Вооружени напади во училишта се честа појава во САД, но Балканот не памети вакви трагедии. И во Европа низ годините се случија грозоморни убиства на деца во училишта и градинки
Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападoт. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник.
Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржaa вонредни локални избори. Oдѕивот на гласањето беше слаб, а косовските Срби го бојкотираа гласањето. Од 45 000 гласачи на изборите гласале 1570.
Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржaa вонредни локални избори. Oдѕивот на гласањето беше слаб. Додека косовските власти ги повикаа граѓаните да гласаат, оние во Србија апелираа на бојкот.
Руските сили извршиле бомбардирања врз Одеса во текот на изминатата ноќ, а продолжува и долготрајната битка за градот Бахмут. Генералниот секретар на НАТО повика на дополнителна воена помош за Украина.
Една деценија по останатите земји од западниот Балкан, Европскиот парламент денеска донесе одлука за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово. Граѓаните на Косово ќе може слободно да патуваат во земјите од Шенген зоната од почетокот на наредната година.
Вчитај повеќе